Се грижиме за највредниот природен ресурс

Комплетно гео-информациско решение за управување со рибарство, т.е. за стратешко планирање, надзор и управување со политиката и ресурсите на рибарството. Изработено е да се прилагоди на барањата за рибарство на Европската Унија.

Vessel Analyst

Ensemble for Fisheries

Ensemble for Fisheries Management овозможува одржливо управување со морските ресурси (рибарски капацитет на флотата наспроти рибарските прилики) во склад со Универзалната политика на рибарството.

Клучни користи:
  • Оптимизирани деловни процеси и помалку потрошено време на административни и инспекциски работи на терен

  • Подобар увид и контрола над сите марикултирни и рибарски активности

  • Подобра контрола над употребата на субвенционирано гориво

  • Обединети и организирани податоци: улов на време, риболовен напор, карактеристики на флота за рибарство, одгледување риби и економски ефекти од рибарството

  • Контрола на првата продажба (риба и останата морски плодови)

  • Web продажба на лиценци за рекреативно и спортско рибарство

  • Креирање на извештаи

Робусно и обемно

Главните карактеристики на Ensemble for Fisheries Management вклучуваат:
  • Систем за надзор на пловила
    Во целост интегриран систем кој овозможува увид во позиција, правец и брзина на пловило во реално време. Можност за одредување на географски зони (geofencing) дозволува ограничување на просторот во кое пловилото може да се движи, вклучувајќи поврзани системи на аларми во однос на локација и време. 

  • Аналитичар на пловила
    Аналитичка алатка која може да користи моментно пловило или пловило избрано од историјата и поврзани просторни податоци од системот за надзор на пловила. Оваа алатка овозможува, на пример визуелизација и вкрстена проверка на движењето на пловилото во однос на информации забележани од страна на рибари (се користи за споредување на податоци преземени од системот за следење пловила во реално време и податоци кои ги пријавиле рибари).

  • E-бродски дневник
    Целосна замена за традиционалниот систем на пишување на хартија. Пловниот мобилен уред е направен да ги издржи сите екстремни услови на рибарење. Можност за користење на мрежен и вон мрежен режим.

  • Регистер на флота
    Го користат службени органи за директно управување со капацитетот на флотата. Евиденцијата опфаќа податоци кои се однесуваат на рибарското пловило, лиценците и сопственоста.

  • Портал за комерцијално рибарство
    Веб портал кои овозможува двосмерна комуникација помеѓу службените органи и оператори за комерцијално рибарство. Порталот овозможува значајна поддршка во нивните секојдневни деловни процеси; од улов на риба, преку транспорт, до крајниот корисник.

  • Улов на риба
    Модулот „Улов на риба“ се користи за евиденција на уловот остварен во комерцијалното рибарство. Податоци за уловот се добиваат од е-бродски дневник и извештаи. Освен електронскиот внос по пат на е-бродски дневник и директна синхронизација со централната база, актуелно е и известувањето за улов во форма на хартиени обрасци. Со помош на едноставни апликативни решенија и интерфејс олеснет е внесот на податоци за ловот, по области, во единствен централен систем.

  • Продажба на риба
    Надлежни органи и купувачи на риба можат да го користат. Дозволува следење на целиот процес од уловот до крајниот корисник.

  • Марикултура
    Специјализиран модул наменет да го користат оператори на одгледувалишта на риба и надлежни органи со цел управување со капацитетите на марикултурни локалитети.

  • Инспекција
    Апликација за мобилни уреди која служи за потребите на инспектори на сите активности поврзани со рибарство. Едноставната интеграција со други модули им овозможува на инспекторите лесно да ги извршуваат сите неопходни задачи.

  • e-лиценцирање
    Интернет апликација за рекреативно и спортско лиценцирање.

  • Известување
    Обемно и детално креирање на извештаи кои се однесуваат на сите аспекти на рибарските активности.

Ме интересира ова

Трансформирајте го вашето управување во рибарството.

Споделете со други

Споделете информации за Ensemble for Fisheries Management