ГДи тим
ГДи тим на работа
Нашиот високо искусен и квалификуван тим е јадрото на нашиот бизнис.
Знаењето од многу сектори, деловни функции, процеси, технологија и поврзани потреби и трендови му овозможува на ГДи тимот да е кориснички фокусиран.
Ја охрабруваме иновативноста, креативноста и истражувањето на нови идеи и методи кои ги допираат проблемите на сегашноста и иднината.
Професионално, но опуштено опкружување
Луѓето се најсреќни и најпродуктивни кога работат во опкружување кое им одговара. Посетителите ќе забележат дека опкружувањето не само што е пријатно, туку и оптимизирано за енергијата на нашиот персонал и производство на најквалитетна работа.
Нашиот тим ужива флексибилно работно време, климатизирани и осветлени канцеларии кои се соодветни за брзо темпо и работа насочено кон клиентите.
Работата нè чини забележливи
Со текот на годините, нашиот тим работеше на давање решенија на многу типови работење, министерства и агенции. Нашите бројни примени и понатаму даваат погодности не само во областите на зголемена работна ефикасност и деловни трансформации, туку и на пошироката популација.
Влијанието и погодностите во вистинскиот свет како резултат на нашата работа покажуваат дека искуствата и вештините на ГДи тимот се многу ценети од страна на државните и меѓународните медиуми.
Континуирано образование и оспособување
Во ГДи им придаваме централна важност на образованието во сите сегменти на нашето работење, особено во развојот на нашите иновативни продукти и квалитетна примена користејќи најнова технологија. Во брзо променливиот свет релевантните деловни знаења и технолошки вештини ни овозможуваат брзо прилагодување на трендовите во индустријата и задоволување на деловните потреби на нашите клиенти.
Нашата интерна програма „ГДи Академија“ е насочена кон стекнување вештини и знаења за поединецот и за компанијата како целина.
Организација и учество на настани
ГДи тимот организира и учествува на многу локални, државни и меѓународни настани.
Со можностите за јакнење на постојните партнерства и односи, присутна е возбудата од пронаоѓање и креирање на нови деловни односи.
Наше партнерство со вас
Деловните успеси подразбираат задоволување на човечките потреби. За партнерства ги сметаме сите наши успеси со клиентите, давачи на услуги и останати, формални и неформални. Целта ни е да произведеме најдобри можни решенија за вашите организации, преку непрестајна комуникација и ангажираност.
Наликува на тимски дух
ГДи тимот ужива додека работи и работи додека ужива. Се развиваме заедно и се потпираме едни со други со цел постигнување деловни цели и лични копнежи како што е сопствениот развој. На тој начин сме сигурни дека ќе ги надминеме очекувањата на нашите клиенти.
Исто така, работиме и размислуваме како семејство – одржуваме позитивен тимски дух и секој глас ни е битен.