Обезбедување на ефикасно производство на стоки и давање на услуги
Во стратегиското, но и секојдневното производство на стоки и давање на услуги, од суштинско значење е ефикасното деловно работење, со користење на помал број на неопходни ресурси и ефективно во однос на задоволување на потребите на клиентите.
Нашите решенија помагаат и во дизајнирањето на деловните операции и во контролирањето на процесите на производство на стоки или давање на услуги, така што овозможуваат главната сила на организацијата да може да ги поддржи клучните деловни цели, како што се генерирање поголема добивка или зголемување на уделот на пазарот.
Ефективни операции ќе помогнат за:
- Намалување на трошоците за стоки или услуги со зголемување на ефикасноста.
- Зголемување на приходите преку зголемено задоволство на клиентите, во однос на производство на квалитетни стоки и давање на услуги.
- Намалување на износот на инвестиции (капитал), кој е потребен за производство на стоки и давање на услуги на ефективен и иновативен начин.
- Обезбедување на база за иновации преку градење на силна основа на операции и знаење.
Зошто да се користат нашите решенија?
Имаме долгогодишно искуство во испорачување на успешни исклучително значајни решенија со географска компонента за различни стопански дејности и јавен сектор. Им овозможуваме на нашите клиенти да го трансформираат своето работење, повеќе од нивните очекувања. Не само што ги поедноставуваме, туку и на клиентите им заштедуваме време во извршувањето на секојдневните задачи и на тој начин ја зголемуваме продуктивноста на вработените во областите како што се синџирот на снабдување (следење и логистика), сервиси за осигурување и одржување и управување со работниот налог / работна сила.
Одлуките за операциите може да вклучуваат многу алтернативни решенија, кои можат да имаат сосема различни влијанија врз трошоците и профитот. Нашите решенија овозможуваат собирање на сите релевантни податоци, претворање на податоците во корисни информации за да му овозможат на менаџерот на операциите да донесат одлуки поткрепени со информации, како што се:
Што: Кои ресурси се потребни, и во кои количини?
Кога: Кога ќе биде потребен секој ресурс? Кога ќе треба да се испланира редоследот на работата? Кога треба да се нарачаат материјалите?
Каде: Каде ќе се работи?
Како: Како ќе се дизајнира производот или услугата? Како ќе се работи? Како ќе бидат распределени ресурсите?
Кој: Кој ќе работи?
Користете ги нашите решенија во сите области на управување со операциите:
✓ Синџир на снабдување
✓ Предвидување
✓ Планирање на капацитети
✓ Управување со објекти
✓ Планирање на распоред
✓ Управување со резерви
✓ Гаранција на квалитет
✓ Дистрибуција
✓ Надзор
Контрола на управувањето со операции – пример на компоненти и проток на информации.
Фокус на
Поврзана продукти
Погледнете исто и
Можеме да ги оптимизираме вашите деловни процесиПишете ни за вашите процеси и прашајте што ве интересира.
|Insights
Споделете со други