Комплетно решение за сложено рутирање и планирање на распоред
Ensemble for Logistics е комплетно решение за сложено планирање на патување и планирање на распоред. Помага во намалувањето на оперативните трошоци, зголемување на продуктивноста и подобрување на искуството на вашите корисници. Со оглед дека нуди брз и значаен поврат на инвестирањето за сите големини на флоти, ова решение е идеално за логистички операции во сите типови организации, вклучувајќи ги и оние кои делуваат во следниве области:
- храна и пијалаци
- производство и испорака на стоки
- медицински услуги и лекови
- инспекција на локална самоуправа
- поштенски и курирски услуги
- инфраструктура и телекомуникации
Како додаток на оптимизацијата на помината километража, времето на возење и патни трошоци, решението нуди и паметно рутирање, земајќи предвид моментни и историски податоци за времиња на возење, километража, ограничувања на брзина, карактеристики на возило, карактеристики на корисник и друго. По решавањето на проблемот со рутирање, правци на возење, рути и распореди може да се изведат како текстуална датотека или база на податоци и да се пратат на мобилни уреди.
- Намалете ги трошоците за работа и возила.
- Зголемете ја ефикасноста на вашето работење.
- Проширете го работењето користејќи постојни ресурси.
- Подобрете ги услугите и искуството на корисниците.
- Зголемете ја одговорноста на возачите.
Клучни користи:
Унапредите ги работните текови преку ефикасно и економично планирање на распореди на екипите
Едноставно изменето го планот на распоред или реагирајте на итни повици
Ефикасно и точно планирање
Унапредување на услуги преку прецизно планирање на распоред
Зголемете број на завршени запирања
Реорганизирајте го возниот парк според вистинските потреби, наместо според моментниот капацитет
Контролирајте ја километражата и активностите во работата
Намалете го бројот на работни часови и зголемете ја одговорноста на возачите
Моќно решение за логистика
Можностите вклучуваат:
Едноставен кориснички интерфејс, кој го следи работниот процес
Податоци за улици, пребарувач на адреси и картографски сервиси за цела Европа
Лиценцирање на основа на големината на вашиот возен парк – број на возила
- Рутирање базирано на времето на возење, километража и разни ограничувања
Планирање на повторување на рутата по денови во неделата
Можност за креирање на стандардни рути со различни комбинации на возила и возачи
Запис за детали на возила, возачи и налози
Геокодирање на адреси на ваши клиенти и можност за рачно вцртување на локации на мапа
- Означување на привремено затворени рути според датуми
- Креирање на повеќе верзии на дневни планови на рутирање
Можност за креирање на различни сумарни извештаи, детални и прегледни мапи, упатства за рутирање, извештаи за возач, извештаи за CO2 емисии и др.
- Експорт на рути и планови на рутирање на мобилни уреди
Дознајте повеќе