Со стратегија користите ги приликите
Клучот за секој напор за развој на пазарот е да се одреди демографијата и географската локација на новиот целен пазар. Успешната стратегија подразбира проширување на потенцијалниот пазар преку нови корисници во тековно целни сегменти и нови клиенти во нови сегменти.
Алатките и платформите на GDi овозможуваат вашата организација да стекне стратешка предност со информации и демографски анализи кои можат да се користат за разбирање на националната или регионалната економија и население и да стекне подобро познавање на карактеристиките на клиентите. Нашите решенија овозможуваат разбирање на сите односи помеѓу вашата компанија, клиентите и конкуренцијата.
Како резултат на тоа, се обезбедува поголема интелигенција за развој на пазарот и бизнис одлуки – резултатот е намалување на неизвесноста, зголемување на профитабилноста и подобрување на бизнисот.
Целете ги корисниците врз основа на интелигентни решенија
Нашите алатки за развој на пазарот и стратешко планирање овозможуваат и поттикнуваат:
- Визуелизација на постоечката позиција на пазарот и иден потенцијал со додавање на кориснички карактеристики (однесување, вредности, начин на живот) на врз социјалните и локалните податоци.
- Стратешко планирање и анализи за продажни активности, планирање на ПОС мрежна, медиумско планирање, одредување на удел на пазарот.
- Контрола на перформансите (следење на KPI, вредност на POS / регион).
- Таргетирање / рутирање на продажба – оптимизација на продажно рутирање.
- Снимање точки од интерес и онлајн содржини по региони со GDi Atlas и GDi Ensemble Smart Search
Клучни предности:
- Оптимизирајте ја дистрибутивната мрежа со сигурно планирање нови локации, за да ја оптимизирате покриеноста.
- Зголемете ја вредноста на бизнисот преку стекнување нови клиенти и наоѓање нови можности за зголемување на продажбата.
- Направете сегментација на продажба – изградете типологија за креирање стратегии за продажба и маркетинг – идентификувајте области со висок потенцијал.
- Подобрете го односот со клиенти со целена комуникација и гео-трговија. Употребете релевантни и профитабилни маркетиншки активности.
- Зголемете ја ефикасноста на продажбата со подобро насочени кампањи со пониски трошоци за придобивање и задржување.
- Балансирајте ги териториите на продажба со поефикасна организација, подобар одѕив на тимот и оптимизација на трошоци.
- Развивајте ефикасни и профитабилни стратегии и прегледајте ги резултатите на информациска табла и мапи.
- Направете детален преглед на географски податоци, предиктивни анализи и пребарување.
Фокус на
Погледнете исто и
Можеме да ги оптимизираме вашите деловни процеси
Пишете ни за вашите процеси и прашајте што ве интересира.
Споделете со други