Комплетно решение за управување со физички, логички и сервисни мрежни ресурси

Засилете ја својата организација со познавања за својата мрежа до најситни детали. Зголемете ја продуктивноста, поттикнете ги оперативните перформанси и забрзајте го времето на достапност на производи/услуги на пазарот.

Со развојот на различни видови услуги, технологии и платформи, мрежите станаа исклучително сложени. Како резултат на тоа, клучна е и потребата од инженерски систем на планирање кои може да поддржи било која мрежа, било која технологија и било кој вид опрема до ниво на поединечна точка. Тој систем е клуч на познавање на места каде се наоѓаат клиентите, нивно поврзување на мрежа и ефикасно управување со квалитетот на конвергентни услуги.

Ensemble for Network Inventory

Нашето решение се состои од поединечни софтверски модули поврзани во заедничка ИТ околина. Секој модел овозможува основни функционалности, постојаност на податоците, апликациска логика, како и API. Таква архитектура осигурува можност за повеќекратни сценарија на имплементација, како и можност за скалирање од мали до големи имплементации во организацијата.

Ensemble for Network Inventory овозможува целосно автоматизирано давање услуги од фиксна мрежа. Интегрираниот модул за следење на текот на деловни процеси го следи напредокот на секоја работна задача и активност. Заедно со интегрираниот модул за управување со работна сила, овозможува на пример употреба и избор на екстерни извршители и ресурси на основа на нивната географска локација, способност и деловни процеси.

Моќни карактеристики кои ви помагаат да работите попаметно

Можностите вклучуваат:
  • Попис на физички ресурси – планирајте, дизајнирајте и управувајте со сите елементи на фиксната мрежа, без оглед на технологијата.

  • Попис на логички ресурси – планирајте и сместувајте податоци за елементите на логичката мрежа.

  • Попис на услуги – сместувајте ги сите детали за услуги како и стебло на каталог на услуги, во корелација со податоците од физичкиот попис.

  • Попис на броеви – комплетно управување со броеви и адреси.

  • Во сопствени простории – планирајте и сместувајте си сите информации за елементите во внатрешната мрежа.

  • Visios/Mobile – интуитивен GIS веб портал за дистрибуција на мрежни податоци на поширока публика, вклучувајќи маркетинг, продажба, менаџмент, услуги за корисници и др.

  • Менаџер за локации – модул кои се користи за управување со локации, по спецификација на TM Forum, вклучувајќи управување со адреси кое е поврзана со ESB (Enterprise Service Bus) или било која друга BSS/OSS компонента.

Ensemble for Network Inventory

Клучни користи:
  • Хармонизација – комплексни фиксни мрежи кои се засновани на повеќе технологии и платформи.

  • Видливост, усогласеност и контрола на мрежни системи – откријте точен статус на елементите на мрежата, како и вредност на мрежата.

  • Оптимизирајте ја својата мрежа – визуелизирајте ги интерните и интерните податоци, како што се демографски или податоци за пазарни трендови и правете паметни одлуки за кабли, столбови и покриеност со услуги. Ефикасно планирајте, градите и оптимизирајте ширење на услуги.

  • Посилна соработка – поврзете ги канцелариските со теренските работници, споделете информации интерно заради побрзо донесување одлуки.

  • Деловно ширење – споредете ги моментните со предложените податоци за ширење на услуги и подрачја на покриеност, со помош на паметни стратегии базирани на локација.

  • Унапредете го искуството на корисниците – засилете ја првата линија на кадар, која работи во корисничка поддршка, со вистински и точни информации. Изолирајте ги проблематичните зони и употребете податоци за да ги задоволите корисниците.

Ви требаат повеќе информации?

Прашајте нè за нашето решение Ensemble for Network Inventory
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Споделете со други

Споделете Ensemble for Network Inventory