Прави информации за вашето работење

Кога податоците се структурирани, визуализирани и опипливи се отвора низа од нови можности и предизвици, кои претходно не можело да се увидат. Аналитиката може да открие нови увиди и информации кои ќе го унапредат вашето сфаќање на моментната ситуација, и ќе ви помогне при управувањето со секојдневните деловни задачи и ќе ви олесни донесување на вистински стратешки одлуки.

Нашата компанија има долгогодишно искуство во анализа на просторни и деловни податоци, управување со податоци, оперативно и стратешко известување. Моќни алатки за оваа намена се навистина својствени за секој производ од портфолиото на GDi Ensemble и GDi Atlas.

Ensemble for Data Analytics

Ensemble for Data Analytics

Клучни користи:
  • Овозможува деловен фокус и прецизна контрола на вредности

  • Подобрено управување и оперативна ефикасност

  • Следење на приходи и трошоци, зависно од видот на имот/средства, ресурси, работна сила или локација

  • Намалување на трошоци и ризици

Компании кои користат деловна аналитика остваруваат значајна конкурентска предност бидејќи добиваат увиди во:
  • Спроведување на длабинска анализа на податоци (истражување на податоци како би се пронашле нови обрасци и односи)

  • Комплетна квантитативна и квалитативна статистичка анализа која дава увид во причините на резултатот

  • Тестирање на претходни одлуки со помош A/B и тестирање со повеќе варијабли.

  • Користење на предиктивно моделирање и предиктивна аналитика за предвидување на идни резултати

  • Давање поддршка на компаниите во процесот на изработка на проактивно тактичко одлучување. Исто така, им овозможува автоматизација на донесување одлуки како потпора на одлучувањето во реално време.
Вредни информации може да се добијат за сите деловни процеси во подрачјата како што се:
  • Анализа на микролокација – одредување локација, ориентација, оддалеченост. Поставите прашања: што, каде, колку? Што уште е блиску? Што е дуплирано?

  • Анализа на пазарот – да се утврди: локација на корисници, гравитација на корисници, потенцијален пазар, геомаркетинг/продажба, положба на компанијата во однос на конкуренцијата, сегментација, зошто некои кампањи биле успешни/неуспешни и повторување на успешните кампањи.

  • Анализа на квалитет на услуга – анализирајте го квалитетот на услугата, одредите ја причината за неуспех и дајте приоритет на резолуциите.

  • Анализа на вредности – однос на приходи и трошоци по имот / процес / ресурс / време / локација. Кои промени би требало да се воведат за да се постигне подобар поврат на вложување (ROI)?

  • Управување со имот/средства – имот според локација / вредност / употреба / грешки / изведба / процес

  • Управување со работна сила – користење на ресурси / време / локација / трошоци / перформанси

  • Управување со работен налог: анализа на работни налози е појдовна точка за оптимизација на деловните процеси

  • Паметни заедници – надгледувајте ја употребата на ресурсите и заштеда на енергија по ден / локација / грешки / перформанси, како и распределба на дозволи по вид / локација / заедница

Дознајте повеќе

Прашајте нè за користењето на ова решение во вашата организација

Споделете со други

Споделете Ensemble for Data Analytics