Овозможува ефикасно управување со комунални услуги
Локалните, регионалните и државните управи се под сè поголем притисок за подобрување на ефикасноста и квалитетот на комуналните услуги, во услови на намалување на буџетот. Покрај тоа, брзото прифаќање на современите технологии во деловниот свет ги менува очекувањата на граѓаните за тоа како би требало да бидат во состојба да комуницираат со самоуправата и агенциите кога се занимаваат со јавни услуги за тоа како тие треба да можат да комуницираат со нивната управа и агенции кога се занимаваат со јавни услуги.
Нашите технолошки решенија, на управите и агенциите им овозможуваат да ги исполнат овие очекувања со поедноставување на севкупното работење со комуналните/јавните услуги, рационализација и автоматизирање на основните операции правејќи ги процесите флексибилни и агилни. На овој начин, комуникацијата со граѓаните е брза и ефикасна. Покрај тоа, активностите за планирање, известување и транспарентност се подобрени, а приходот и капиталниот влог се максимално зголемени.
Преку нашето долгогодишно искуство и обемното познавање на развојот, имплементацијата и поддршката на фокусирани технолошки решенија, овозможуваме позитивни придобивки во многу области, вклучувајќи управување со приходите, управување со патишта и јавно осветлување, управување со дозволи, урбанистичко планирање и др.
Помагаме на комунални претпријатија да постигнат свои стратешки цели со помош на:
Дигитализација на трансакциски услуги и процеси со цел да се постигне поголема ефикасност и да се обезбедат нови дигитални услуги за граѓаните, компаниите и државните службеници.
Олеснување на зголемената размена на податоци и иновативна употреба на податоците во повеќе одделенија.
Обезбедување на интегрирани услуги, подобрување во процесот на донесување на одлуки, отвореност и транспарентност меѓу владата и граѓаните.
Подржување на интеграција, стандардизација и консолидација на различни органи и сектори, како би се зголемила ефикасноста, намалила двојната работа и трошоците
Предизвикот со отворени податоци
Им помагаме на прогресивните управи да промовираат транспарентност, одговорност и креирање на вредност со користење на нашите технолошки решенија за поставување и дистрибуција на сопствени и други отворени податоци. Националните, регионалните и локалните самоуправи можат да промовираат создавање на бизнис и иновативни јавни услуги кои се насочени кон граѓаните.
Користејќи го Ensemble for Smart Communities Open Data module, давателите на јавни услуги можат да користат многу видови на бази на податоци од повеќе извори.
Користете отворени податоци од многу извори