Ефикасна управа и ангажирани заедници
Ensemble for Smart Communities содржи основни алатки и апликации развиени да подржат деловни процеси во државни, регионални и локални самоуправи. Нашето докажано решение значајно ги подобрува и трансформира секојдневните задачи од областа на јавната администрација. Достапно како cloud решение, кое се доставува преку веб, помага во изградбата на паметни заедници и овозможува поголема ангажираност на граѓаните.
Ensemble for Smart Communities обезбедува можност за различни G2G (управа-до-управа) и G2C (управа-до-граѓани) процеси.
Клучни користи:
Олеснува и поедноставува изведба на секојдневни работни задачи
Помага во процесот на планирање и донесување одлуки
Ја зголемува брзината и квалитетот на услуги
Овозможува оптимизација и надзор на трошоци
Нуди флексибилност и скалабилност од можности за достапност на еден корисник до достапност на голем број корисници
Флексибилна имплементација – од целосно управливо cloud решение до инфраструктура и ресурси, кои сами се управуваат
Дозволува транспарентна двосмерна комуникација помеѓу организација и граѓани / посетители на веб сајт
Подигнат на светски водечка Esri платформа
Целосно подржување на битни секојдневни задачи.Некои од алатките и апликациите за локална, регионална и државна управа:
Visios
Овозможува генерички функционалности како визуелизација на мапа, испитување на податоци и внес на податоци. Visios лесно се проширува со помош на различни виџети – виџети може да се додаваат заради овозможување на дополнителни функционалности. Ова вклучува виџети за општи задачи или, уште поважно, за оние кои овозможуваат некои кориснички улоги да извршат свои задачи, врзани за работата.Управување со зеленило
Комплетно управување со отворени зелени простори (паркови, сообраќајни острови, леи, тревници, дрва), урбана опрема (клупи, канти) и многу други.Јавна расвета
Овозможува управување со единствен сет информации за јавна инфраструктура. Овозможува двосмерна комуникација помеѓу локална самоуправа (која е сопственик на јавната инфраструктура), концесионер (кој е одговорен за одржување на инфраструктурата) и граѓаните.Управување со патишта
Комплетно решение за додавање на податоци, процесирање и надзор на информации за патиштата и патните постројки.
Регистер на просторни планови
Овозможува управување со документи за просторно планирање.Урбана идентификација
Просторно планирање и систем за управување овозможуваат комплетно известување за избраните области на покриеност.Извештаи за земјиште
Генерирање на извештаи за користење на површината на посакуваната катастарска парцела. Неформални (граѓански) и формални извештаи.Катастар на комунална инфраструктура
Централизиран регистар и целосно управување со комунална инфраструктура, вклучувајќи водоводи, телекомуникации, нафтоводи, енергетски кабли, системи за дренажа и греење.Управување со недвижности
Комплетно решение за внесување на податоци, обработка и одржување на информации за недвижен имот.Управување со дозволи
Обезбедува оптимизиран систем за управување со дозволи.Управување со приходи
Решение за следење и управување со приходите од имот во сопственост на локалната самоуправа.
|Insights
Дознајте повеќе
Трансформирајте ја вашата управа и заедница
Споделете со други