Ефикасно управување со различни ресурси
Системот за ефикасно управување со ресурси бара можност за прецизна процена на понудата и побарувачката на ресурсите и да се искористи максималниот капацитет со минимални трошоци. Ресурсите може да вклучуваат физички, човечки, природни, финансиски, културни и др., а навремените податоци кои се потребни за ефикасно управување со ресурсите вклучуваат:
- побарувачка за ресурси
- достапност на ресурсите
- неопходни ресурси – што е потребно од ресурси за да се задоволи побарувачката
- користење/распределба – количина на ресурс кој се користи и каде се користи
Со оглед дека ги задоволуваат сите спомнати барања и повеќе од нив, нашите технолошки решенија со географска компонента инкорпорираат алатки за напредно управување со ресурсите кои овозможуваат планирање на капацитети и побарувачка на ресурси, планирање на распоредот на ресурсите со искористување на ресурсите во реално време со помош на командни табли.
Доверливи решенија за клучни деловни услуги
За управување со било кој тип на мрежен ресурс кој се состои од физичка, логичка структура и/или услуга не барајте ништо друго освен нашето решение Ensemble for Network Inventory, докажано во пракса. Ова решение на кое му веруваат големи телекомуникациски провајдери за критични деловни услуги, вклучува потполно интегриран модул за работни текови и работна сила.
Флексибилно и моќно Ensemble for Workforce Management решение, инкорпорира комплетно управување со вештини и способности – исто така дозволува проактивни одговори на брзо променливи барања и спречува преголемо или премало искористување на ресурсите. Накратко, ова решение на организацијата и овозможува ефикасно планирање, предвидува и планира распоред на вработените, како би ги задоволиле саканите нивоа на услуги.
Природата ни го дала највредниот ресурс – водата. OНашето решение Ensemble for Water Resources развиено со помош на докажаната ГДи стручност, на националните владини агенции им овозможува комплетен и сеопфатен систем за управување со води, заштита од поплави и контрола на ризикот од поплави во согласност со најновите директиви на Европската унија.
Фокус на
Погледнете исто и
Можеме да ги оптимизираме вашите деловни процеси
Пишете ни за вашите процеси и прашајте што ве интересира.
|Insights
Споделете со други