Нашата компанија

За нас

Ние сме иновативна и наградувана средноевропска компанија од областа на технолошките решенија, со повеќе од 30 години на успешен раст кој брои преку 1000 клиенти.

Нашите софтверски и податочни решенија од областа на деловните процеси, првенствено насочени кон индустрискиот сектор, работат на светски водечки платформи. Тие решенија се дополнети со широка лепеза на дополнителни можности, од професионални услуги, образование и долгорочна поддршка. Тоа опфаќа одржување, оперативна работа и управување со промени на системи.

Особено сме познати по водството во областите на системи за поддршка на операции (OSS), системи за поддршка во одлучување (DSS), пресметки во облакот и геоинформациски системи (GIS), како за комерцијалниот, така и за јавниот сектор.

GDi Smart Digital Solutions

Нашиот тим од професионалци е тука да помогне да ги подобрите клучните индикатори и ефикасно да управувате со растот на вашите ресурси, средства и активности.

Наша мисија

Да се разберат, предвидат и задоволат потребите на клиентите и партнерите преку решенија кои ги унапредуваат нивните деловни процеси во целост, па и над очекувањата.

Со искусни и стручни тимови да се анализираат, советуваат, дизајнираат и развиваат продукти, да се применат и поддржуваат иновативни решенија. ГДи решенијата се ориентирани кон потребите на клиентите, па се темелат на водечки, доверливи и стандардизирани платформи.

Да обезбедува на нашата растечка база на корисници целосни клучни решенија кои даваат зголемена вредност на нивните активности низ оптимизација на оперативните задачи и промена и усовршување на работните процеси.

Континуирано да развива сопствени човечки ресурси и да ја зголемува конкурентноста на вработените за успешно да го продолжат својот глобален раст темелен на продукти со иновативни решенија

Да создава, развива и одржува квалитетни партнерства, како со нашите клиенти, така и со водечките глобални партнер организации.

Да работи професионално, етички и одржливо. Да придонесува кон заедницата и општественото добро.

Да соработуваме

Дознајте повеќе за нас и што можеме да понудиме на вашата организација.

Да соработуваме

Дознајте повеќе за нас и што можеме да понудиме на вашата организација.

Споделете со други

Споделите информации за нашата фирма со други