ГДи Академија
УЧЕЊЕ за РАБОТА и ЖИВОТ
Фирмата ГДи вложува во образованието и обуката на своите вработени во рамки на програмата ГДи Академија.
На располагање е на сите членови на тимот во сите регионални канцеларии и промовира професионален раст и развој на нови способности и вештини.
Нашиот образовен проект „GDi – Развој на човечки ресурси за зголемување на конкурентноста, извозот и растот на вработените темелен на иновативни производи“ е насочен на образование и стекнување на индивидуални вештини за доброто на целата компанија.
Високиот квалитет на прилагодени курсеви за нашите вработени во целост е испорачан и изведен по пат на надворешен водечки развој на човечките потенцијали и обука на стручњаци. Прилагодени се за специфичните потреби на нашата технологија на работењето и индустријата во која работиме. Покриваат широк опсег на теми како што се водство, управување, маркетинг, комуникација со купувачите и пазарот, оперативно управување, управување со проекти и финансии.
Главниот фокус е поставен на активно учество во работилници, преку кои се развиваат вештини и прошируваат знаења кои веднаш може да се искористат. Учесниците во програмата на ГДи Академија продолжуваат да ја оценуваат со многу високи оцени. Нивните изјави и одушевување во целост го оправдуваат нивото на финансиско вложување од страна на ГДи.
ГДи посетува и учествува активно во многу меѓународни настани.
Тоа овозможува големи можности за нашиот тим да ги запознае врвните експерти и личности од областа во поглед на размена на нови идеи и знаење.
Споделете со други