Ensemble

for Asset Management

Ensemble for Asset Management2018-01-30T14:57:51+00:00

Максимално зголемување на повратот на вложувањето со ефикасно управување со средствата

Во сите деловни и организациски сектори од примарна важност се исплатлива имплементација, операции, одржување и располагање со средства, како би се осигурила контрола на капиталните расходи и искористување на средствата.

Нашето решение ви овозможува најдобар можен поврат на инвестицијата со помош на константно, прецизно следење и одржување на значајните ставки. Овозможува целосна контрола на придонесот на имотот и средствата, што резултира со намалување на трошоците и зголемување на можноста за раст на бизнисот.

Ensemble for Asset Management

Визуализирајте и анализирајте големи количини податоци за било кој имот/средство

Комплетите од податоци вклучуваат:
  • Гео-локација на средството (точна позиција, површина, волумен итн.).

  • Катастарски и правни податоци, ортофото снимки, топографски карти и катастарски планови.

  • Општи, економски, технички и други податоци од трети страни (на пример SAP).

  • Сродна документација врзана за користење на средството, вклучувајќи договори, цртежи м слики итн.

  • Профитабилност / перформанси на бизнисот, врзано за средството.

Брзиот раст на употребата на нови технологии и слични трендови (пораст на бројот на поврзани уреди, сензори и дронови) резултираше со сè поголеми количини на податоци.

Иако тоа доведе до претставување на дополнителни можности за зголемување на стратешките вредности на компанијата, исто така донесе и нови предизвици. Со поголемите очекувања од користењето на таквите податоци, стана нужно да се користат иновативни и радикални решенија за управување со истите.

Ensemble for Asset Management

Ensemble for Asset Management овозможува значајни увиди, кои долгорочно водат кон стабилност на производството.

Клучни користи:
  • Визуализира и контролира односи на имот со гео-локација.
  • Хармонизира имот/средства во организацијата.

  • Сеопфатното известување и анализите на податоци овозможуваат точна контрола на вредноста.

  • Следите приходи и расходи според вид на имот/средства.

  • Подобрено управување и зголемена оперативна ефикасност на компанијата.

  • Намалува трошоци и ублажува ризик.

  • Комплетен преглед на имотот и средствата даваат на организацијата зголемена сигурност и доверба.

  • Едноставна идентификација на точки за подобрување на деловните процеси.

  • Донесување правилни организациски одлуки на основа на различни показатели, како што се: перформанси, профит и трошоци, ризици и прилики, животен тек на средства/имот.

  • Подобрување на финансиски резултати, благодарејќи на подобриот поврат на вложувања и намалени трошоци.

Ви требаат повеќе информации?

Прашајте нè повеќе за нашето решение за управување со средства

Споделете со други

Споделете Ensemble for Asset Management